Еволуција Инсектите најверојатно еволуирале од некој примитивен член од надкласата Myriapoda за време на Силур (пред околу 400-440 милиони години). Во овој период од геолошката историја,васкуларните растен-ија тукушто започнале со освојување на копното. Овие растенија несомнено претставувале нов и огромен неексплоатиран извор на храна и засолниште, а е евидентно од раните фосилни пронајдоци дека инсектите биле брзи во искористувањето на овој нов ресурс. Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на егзоскелетот со надворешен слој од восочна кутикула за да се минимизира десикацијата. Иако не постојат фосилн и пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите шестоноги (споредба на главени структури и усни делови). Како што и претходно се спомена, сите примитивни инсекти имаат ектогнатни усни дело...
Морфологија и анатомија Должината на инсектите е мошне варијабилна, од пердувокрилестата џуџеста буба, која одвај се гледа со голо око (долга е 0,25 mm), па с ѐ до подвижниот стап на Југоисточна Азија, кој е долг до 50 cm кога неговите екстремитети се испружени. Меѓутоа, најголемиот број од инсектите се големи меѓу 6 и 25 mm. Најтешкиот член во светот на инсектите е Африканската Голијат буба, која тежи околу 85 g, неколку пати повеќе отколку тежината на некои помали птици. Независно од нивната големина, сите возрасни инсекти имаат сличен план на градба на телото, кој вклучува егзоскелет , глава, торакс и абдомен. Егзоскелетот го заштитува инсектот, давајќи ја формата на телото и ги прицврстува неговите мускули. Главата ги содржи повеќето од сетилните органи на инсектот, како и неговиот мозок и устата. Тораксот, односно телесниот сегмент за кој се прицврстуваат крилата и екстремитетите, е центар за движење на инсектот. Издолженио...