Пређи на главни садржај

Морфологија и анатомија



Должината на инсектите е мошне варијабилна, од пердувокрилестата џуџеста буба, која одвај се гледа со голо око (долга е 0,25 mm), па сѐ до подвижниот стап на Југоисточна Азија, кој е долг до 50 cm кога неговите екстремитети се испружени. Меѓутоа, најголемиот број од инсектите се големи меѓу 6 и 25 mm. Најтешкиот член во светот на инсектите е Африканската Голијат буба, која тежи околу 85 g, неколку пати повеќе отколку тежината на некои помали птици.
Независно од нивната големина, сите возрасни инсекти имаат сличен план на градба на телото, кој вклучува егзоскелет, глава, торакс и абдомен. Егзоскелетот го заштитува инсектот, давајќи ја формата на телото и ги прицврстува неговите мускули. Главата ги содржи повеќето од сетилните органи на инсектот, како и неговиот мозок и устата. Тораксот, односно телесниот сегмент за кој се прицврстуваат крилата и екстремитетите, е центар за движење на инсектот. Издолжениот и голем абдомен на инсектот е местото каде храната се обработува и каде се наоѓаат репродуктивните органи.

Надворешен скелет (егзоскелет)
Како и кај другите членконоги, егзоскелетот на инсектите се состои од полуригидни плочки и цевчиња. Кај инсектите, овие плочки се состојат од пластиковиден материјал наречен хитин кој е во комбинација со протеин. Водоотпорна восочна покривка ги обложува плочките и превенира исушување на внатрешните ткива.
Глава
Еден инсект добива важни информации за околината во која се наоѓа преку своите антени. Тие се протегаат од предниот дел на главата, обично меѓу и нешто над очите на инсектот. Иако антените некогаш се наречени чувствувачи, нивната првична улога е осетување на мирисот. Антените се обрабени со бројни олфакторни нерви, преку кои инсектот намирисува храна и ги детектира феромоните или молекулите кои носат мирис, ослободени од потенцијалните партнери. На пример, некои инсекти, како мравките и медоносните пчели, ги допираат антените меѓусебно за да ги разликуваат партнерите од натрапниците и за да делат информации за извори на храна или опасност. Антените на комарците можат да детектираат звуци и ароми.
Торакс
Тораксот, кој се наоѓа веднаш после главата, е место за кое се припојуваат екстремитетите и крилата на инсектот. Возрасните инсекти можат да имаат еден или два пара на крила, или пак тие да отсуствуваат, но тие речиси секогаш поседуваат шест екстремитети. Кај некои инсекти, како тврдокрилците, екстремитетите се практично идентични, но кај други инсекти секој пар е со малку поразлична форма. Сепак, некои инсекти имаат специјализирана структура на екстремитетите. Пример за тоа се богомолките кои имаат предни екстремитети за раскинување и прободување, вооружени со летални боцки; како и штурците и болвите, кои имаат големи, мускулести задни екстремитети кои ги катапултираат во воздухот. Предните нозе на молците се модифицирани за копање, а грбнопливачите имаат задни нозе дизајнирани за пливање.
Абдомен
Зад тораксот се наоѓа абдоменот, дел од телото чија функција е поврзана со дигестијата и репродукцијата. Абдоменот содржи два дела од дигестивниот тракт: средното црево, кое го вклучува и желудникот, и задното црево. Кај сите инсекти има Малпигиеви цевчиња кои лежат меѓу средното и задното црево. Овие цевчиња ги отстрануваат екскретите од крвта и ги предаваат на цревата.


Коментари

Популарни постови са овог блога

    Инсектите    се група на  членконоги  кои имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, торакс и абдомен), три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества.  Бројот на рецентни видови се проценува на шест и десет милиони,  и веројатно претставуваат над 90% од различните животински форми на Земјата.  Инсектите може да се најдат во речиси сите животни средини, иако само мал број на видови се среќаваат во океанот, станиште во кое доминира друга членконожна група —  раковите .       Животните циклуси на инсектите се различни, но повеќето се изведуваат од  јајца . Растот на инсектите е ограничен од страна на нееластичниот надворешен скелет (егзоскелет), при што во текот на развитокот тие неколку пати го преслекуваат. Незрелите...
Еволуција    Инсектите најверојатно еволуирале од некој примитивен член од надкласата  Myriapoda  за време на Силур (пред околу 400-440 милиони години). Во овој период од геолошката историја,васкуларните растен-ија тукушто започнале со освојување на копното. Овие растенија несомнено претставувале нов и огромен неексплоатиран извор на храна и засолниште, а е евидентно од раните фосилни пронајдоци дека инсектите биле брзи во искористувањето на овој нов ресурс. Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на егзоскелетот со надворешен слој од восочна кутикула за да се минимизира десикацијата. Иако не постојат  фосилн и  пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите  шестоноги  (споредба на главени структури и усни делови). Како што и претходно се спомена, сите примитивни инсекти имаат ектогнатни усни дело...