Инсектите се група на членконоги кои имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, торакс и абдомен), три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества. Бројот на рецентни видови се проценува на шест и десет милиони, и веројатно претставуваат над 90% од различните животински форми на Земјата. Инсектите може да се најдат во речиси сите животни средини, иако само мал број на видови се среќаваат во океанот, станиште во кое доминира друга членконожна група — раковите.
Животните циклуси на
инсектите се различни, но повеќето се изведуваат од јајца.
Растот на инсектите е ограничен од страна на нееластичниот надворешен скелет
(егзоскелет), при што во текот на развитокот тие неколку пати
го преслекуваат. Незрелите стадиуми можат да се разликуваат од возрасните
по својата градба, навики и станишта каде живеат и може да се претставени со
пасивен куклен стадиум кај оние групи кои подлежат на целосна
метаморфоза. Инсектите може да подлежат и на нецелосна метаморфоза, при што
недостасува куклениот стадиум, а возрасните единки се развиваат преку
последователни ларвални стадиуми.
Повисоките врски во групата Hexapoda се нејасни. Фосилизирани инсекти
со огромна големина се најдени од Палеозоикот, како на
пример, џиновски вилински коњчиња со должина на крилата од 55 до 70
cm. Најразновидните групи на инсекти коеволуирале со цветните растенија.
Коментари
Постави коментар