Еволуција
Инсектите најверојатно еволуирале од некој примитивен член од надкласата Myriapoda за време на Силур (пред околу 400-440 милиони години). Во овој период од геолошката историја,васкуларните растен-ија тукушто започнале со освојување на копното. Овие растенија несомнено претставувале нов и огромен неексплоатиран извор на храна и засолниште, а е евидентно од раните фосилни пронајдоци дека инсектите биле брзи во искористувањето на овој нов ресурс. Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на егзоскелетот со надворешен слој од восочна кутикула за да се минимизира десикацијата.
Иако не постојат фосилни пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите шестоноги (споредба на главени структури и усни делови). Како што и претходно се спомена, сите примитивни инсекти имаат ектогнатни усни делови (мандибулите и магзилите не се затворени со главената празнина). Овие усни делови се најчесто насочени надолу од вентралната страна на главата (хипогнатни) отколку нанапред од предниот дел на главата (прогнатни) како кај другите хексаподи. Инсектите исто така еволуирале со додатен склерит (клипеус) на предната површина од главената капсула. Мускулите се протегаат од клипеусот до горните ѕидови на предусната празнина (цибариум) зад усните делови. Кога овие мускули се контрахираат, цибариумот се зголемува и ја цица храната кон устата.
Најраните
фосилни инсекти се пронајдени во девонските карпи. Тие се неверојатно слични со
инсектите кои денес ги нарекуваме прамено опашести.
Овие
,,најпримитивни‘‘ инсекти се членови на поткласата Apterygota (бескрилци). Тие
се без крилја и имаат аметаболен развиток. Во минатото, ентомолозите ги
групирале сите примитивни бескрилни инсекти во еден ред (Thysanura). Но, од
неодамна, оваа класа е поделена на три реда:
Archaeognatha, Thysanura и
Monura.
Од сите овие, Archaeognatha и Thysanura преживеале до денес. Овие аптериготни редови делат неколку
,,примитивни‘‘ особини со многуногите и неинсектските хексаподи. Прво, тие
продолжуваат да се преслекуваат дури и како адулти. Некои Thysanura, на пример,
можат да живеат и до неколку години и да се преслечат 40-50 пати. Второ,
аптериготните инсекти имаат кратки и сегментирани телесни додатоци долж
страните на абдоменот. По се изгледа дека овие структури се хомологни со
екстремитетите за одење на многуногите. Трето, мажјаците произведуваат
сперматофори кои се положуваат на земјата и подоцна се собираат од женката
(надворешно оплодување). Некои видови развиле елаборирани ритуали на парење кои
ја осигуруваат брзата и ефикасна размена на сперматофори.
Најраните
фосилни инсекти се пронајдени во девонските карпи. Тие се неверојатно слични со
инсектите кои денес ги нарекуваме прамено опашести.
Овие ,,најпримитивни‘‘ инсекти се членови на поткласата Apterygota (бескрилци). Тие се без крилја и имаат аметаболен развиток. Во минатото, ентомолозите ги групирале сите примитивни бескрилни инсекти во еден ред (Thysanura). Но, од неодамна, оваа класа е поделена на три реда: Archaeognatha, Thysanura и Monura.
Овие ,,најпримитивни‘‘ инсекти се членови на поткласата Apterygota (бескрилци). Тие се без крилја и имаат аметаболен развиток. Во минатото, ентомолозите ги групирале сите примитивни бескрилни инсекти во еден ред (Thysanura). Но, од неодамна, оваа класа е поделена на три реда: Archaeognatha, Thysanura и Monura.
Од сите овие, Archaeognatha и Thysanura преживеале до денес. Овие аптериготни редови делат неколку
,,примитивни‘‘ особини со многуногите и неинсектските хексаподи. Прво, тие
продолжуваат да се преслекуваат дури и како адулти. Некои Thysanura, на пример,
можат да живеат и до неколку години и да се преслечат 40-50 пати. Второ,
аптериготните инсекти имаат кратки и сегментирани телесни додатоци долж
страните на абдоменот. По се изгледа дека овие структури се хомологни со
екстремитетите за одење на многуногите. Трето, мажјаците произведуваат
сперматофори кои се положуваат на земјата и подоцна се собираат од женката
(надворешно оплодување). Некои видови развиле елаборирани ритуали на парење кои
ја осигуруваат брзата и ефикасна размена на сперматофори.
Коментари
Постави коментар