Пређи на главни садржај

Вовед

 Инсектите  се група на членконоги кои имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, торакс и абдомен), три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества. Бројот на рецентни видови се проценува на шест и десет милиони, и веројатно претставуваат над 90% од различните животински форми на Земјата. Инсектите може да се најдат во речиси сите животни средини, иако само мал број на видови се среќаваат во океанот, станиште во кое доминира друга членконожна група — раковите.


      Животните циклуси на инсектите се различни, но повеќето се изведуваат од јајца. Растот на инсектите е ограничен од страна на нееластичниот надворешен скелет (егзоскелет), при што во текот на развитокот тие неколку пати го преслекуваат. Незрелите стадиуми можат да се разликуваат од возрасните по својата градба, навики и станишта каде живеат и може да се претставени со пасивен куклен стадиум кај оние групи кои подлежат на целосна метаморфоза. Инсектите може да подлежат и на нецелосна метаморфоза, при што недостасува куклениот стадиум, а возрасните единки се развиваат преку последователни ларвални стадиуми. Повисоките врски во групата Hexapoda се нејасни. Фосилизирани инсекти со огромна големина се најдени од Палеозоикот, како на пример, џиновски вилински коњчиња со должина на крилата од 55 до 70 cm. Најразновидните групи на инсекти коеволуирале со цветните растенија.

Коментари

Популарни постови са овог блога

    Инсектите    се група на  членконоги  кои имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, торакс и абдомен), три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества.  Бројот на рецентни видови се проценува на шест и десет милиони,  и веројатно претставуваат над 90% од различните животински форми на Земјата.  Инсектите може да се најдат во речиси сите животни средини, иако само мал број на видови се среќаваат во океанот, станиште во кое доминира друга членконожна група —  раковите .       Животните циклуси на инсектите се различни, но повеќето се изведуваат од  јајца . Растот на инсектите е ограничен од страна на нееластичниот надворешен скелет (егзоскелет), при што во текот на развитокот тие неколку пати го преслекуваат. Незрелите...
Еволуција    Инсектите најверојатно еволуирале од некој примитивен член од надкласата  Myriapoda  за време на Силур (пред околу 400-440 милиони години). Во овој период од геолошката историја,васкуларните растен-ија тукушто започнале со освојување на копното. Овие растенија несомнено претставувале нов и огромен неексплоатиран извор на храна и засолниште, а е евидентно од раните фосилни пронајдоци дека инсектите биле брзи во искористувањето на овој нов ресурс. Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на егзоскелетот со надворешен слој од восочна кутикула за да се минимизира десикацијата. Иако не постојат  фосилн и  пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите  шестоноги  (споредба на главени структури и усни делови). Како што и претходно се спомена, сите примитивни инсекти имаат ектогнатни усни дело...
Морфологија и анатомија Должината на инсектите е мошне варијабилна, од пердувокрилестата  џуџеста буба, која одвај се гледа со голо око (долга е 0,25 mm), па с ѐ  до   подвижниот стап на Југоисточна Азија, кој е долг до 50 cm кога неговите екстремитети се испружени. Меѓутоа, најголемиот број од инсектите се големи меѓу 6 и 25 mm. Најтешкиот член во светот на инсектите е Африканската Голијат буба, која тежи околу 85 g, неколку пати повеќе отколку тежината на некои помали птици. Независно од нивната големина, сите возрасни инсекти имаат сличен план на градба на телото, кој вклучува  егзоскелет , глава, торакс и абдомен. Егзоскелетот го заштитува инсектот, давајќи ја формата на телото и ги прицврстува неговите мускули. Главата ги содржи повеќето од сетилните органи на инсектот, како и неговиот мозок и устата. Тораксот, односно телесниот сегмент за кој се прицврстуваат крилата и екстремитетите, е центар за движење на инсектот. Издолженио...